10 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаДиректорот на ЦУК, Стојанче Ангелов: Бројките на заболени се високи, но јас...

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов: Бројките на заболени се високи, но јас мислам не е алармантна ситуацијата

Бројките на кои што сме сведоци секој ден покажуваат раст, но растот не е толку алармантен, ние немаме експоненцијален раст, вели Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, на што новинарот Боби Христов вели дека цел Клинички центар и 8-ми Септември се претворени во Ковид центри, нема место ни во битолската, ниту во штипската, ниту во прилепската болница.

На ова прашање на Христов, Ангелов прво молчеше половина минута, па рече: Ќе ги насочиме луѓето кои имаат потреба за хоспитализација онаму каде што има место, ако е некој од Прилеп, не мора да биде згрижен во Прилеп, ќе биде згрижен во Битола, ако нема место во Битола во следниот град, државата е во кризна состојба, токму тоа е поентата на кризната состојба.

На што Христов одговори: Пак не ми кажавте зошто не ја ставивте во функција планираната болница, го одбегнувате одговорот.

-Видете јас овде настапувам како директор на Центарот за управување со криза, да беше чиста политичка емисија ќе се оградев и ќе кажев нешто како политичар, но сега сум со врзани раце, вели Ангелов, на што Христов му посочи дека тој бил одговорен за спроведување на истото.

Потоа Ангелов сакаше да постави прашање, на што Христов му посочи дека тој е дојден да одговара на прашања, не да ги поставува, по што Ангелов му замери дека тој упатувал тврдења, а не поставувал прашања.

Ангелов истакна исто така дека минатиот бран немало потреба да се ангажираат капацитетите на приватното здравство, на што Христов рече дека тоа не е точно затоа што таа болница е опремена, како и тоа дека може да се извади од архивата на Телма телевизија дали проблемот со нејзе било кислородната поддршка.

Ангелов вели дека ако дошло до раст на болните и каде капацитетите нема да бидат доволни дека државата има капацитет да снабди болнички кревети, ако дојде до таква ситуација.

plusinfo

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...