11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаМендух Тачи: Ви зборувам како лекар, најсилно оружје да се спречи ова...

Мендух Тачи: Ви зборувам како лекар, најсилно оружје да се спречи ова е строг карантин од 20 дена, а најдобро е вакцинацијата…

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека најсилното решение за спречување на коронавирусот е строг карантин од најмалку 20 дена, а смета дека најдоброто решение за вирусот е вакцината.

„Како лекар ќе зборувам. Јас сум за карантин најмалку 20 дена. Строг карантин. Од прилика полициски час, и да се дозволи само купување на намирници. Најсилното оружје за коронавирусот е карантинот, а најдоброто е вакцината“, изјави Тачи, коментирајќи зошто Македонија има проблем со набавка на вакцините:

„Затоа што сме мали и слаби, затоа што имаме проблем со двоен стандард“, вели Тачи.

Тој смета дека Србија и Албанија „глумат“ со вакцините, и вели дека ние треба да се останеме кон западот за вакцините.

„Тоа што Србија и Албанија го прават е глумење со вакцините. Убаво рече претседателката на ЕУ зошто Русија не ги вакцинира своите луѓе, а нуди вакцини на ЕУ? Тоа е тешка пропаганда. Истото го прави и Вучиќ кој нуди 5 илјади вакцини на БИХ. За жал и Еди Рама, има 10 илјади вакцини и нуди 1000 на Косово. Претпочитам да останеме на западниот партнер. Имаат многу подобар морал од истокот како Кина, Русија или Србија“, рече Тачи.
Извор: Тв 21

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...