13.9 C
Ohrid
среда, септември 22, 2021
Почетна Македонија Mицкоски: Ма каква казна за непопишуваење, гледајте си го здравјето луѓе !!

Mицкоски: Ма каква казна за непопишуваење, гледајте си го здравјето луѓе !!

Translate (Eng):[gtranslate]

Здравјето на граѓаните е најважно и со Устав загарантирано како неприкосновена физичка големина. Оставете Заев што збори, нека бидат слободни нема казни за пописот, здравјето никој не смее да им го загрози вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител ТВ.

Мицкоски истакна е подготвен да понесе одговорност за тоа што го зборува и додаде дека само имунизирани попишувачи смеат да влегуваат по домовите и ни на крај памет нема да дозволи да разговара со неимунизирани.

– Избирам живот, наместо да бидам заробеник на политичкиот договор Заев-Ахмети Граѓаните не смеат да бидат заложници на политичкиот договор Заев-Ахмети, јас го избирам здравјето на сметка на тој договор, и упатувам апел граѓаните да го изберат здравјето на смета на тој политички договор, потенцира Мицкоски.

РЕКЛАМА

Тој посочи дека токму затоа ВМРО-ДПМНЕ бара да се вакцинираат попишувачите и да се одложи пописот за да не се загрозува здравјето на граѓаните.

– ВМРО-ДПМНЕ има јасна позиција и вели дека пописот треба да се одложи, таму за наесен септември месец, а ако е потребно да ги одложиме и локалните избори не менува ништо, а во меѓувреме да ги имунизираме попишувачите за кога граѓаните ќе разговараат со нив да не може да бидат преносители на зараза, нагласи Мицкоски..

СителТв

- Реклами -