9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаВработени во Општина Охрид воопшто не се појавувале на работа а земале...

Вработени во Општина Охрид воопшто не се појавувале на работа а земале плати..

Вработените во Општина Охрид конечно во паника, од како новата раководителката на одделението за правни работи и човекови ресурси ,испратила писмен допис до сите раководители на одделенија во Општина Охрид .

Имено раководителката на одделението за правни работи и човекови ресурси во писмениот допис испратен до ракводителите , побара детален извештај за лицата кој не се појавувале на работно место,а земале плати, лица кој недоваѓале на работно место ,а не приложувале боледувања и слично.

Раководителката на одделението за правни работи и човекови ресурси ги известува раководителите ,дека секое отсуство на вработен мора да биде потпишано и одобрено од раководителот на одделението,додека сите отсуства на раководителите мора да бидат одобрени и потпишани од страна на секретарот на Општина Охрид ,како непосреден претпоставен на државната администрација во Општина Охрид.Доколку раководителите не достават потпишан извештај за отсуство на вработените на кој тие им се претпоставени, истиот вработен нема да земе личен доход за тековниот месец,а против истиот вработен ќе биде покрената и дисциплинска постапка.

Подолг временски период во Општина Охрид има лица кои воопшто не се појавуваат на работни места ,некои од нив подолг временски период се навошаат на привремена работа во странство , но сепак години наназад на истите редовно им се исплатува личен доход и придонеси.Исто така ,поголем дел од државната адмиснистрација вработени во Општина Охрид се подавале -позајмувале со картичките за електронска евиденција на работно време со свои колеги ,а воопшто не се појавувале на работните места.Исто така до крајности се злоупотребувала состојбата со ковид 19,така има примери на лица кој воопшто од почетокот на пандемијата со ковид 19 не се појавиле на работно место,а од друга страна редовни гости се низ охридските кафатерии и ресторани!

Поголем дел од раководителите исто така се однесувале бахато,доваѓале и излегувале од работа кога ќе посакале!? Дали конечно ќе се направи ред во Општина Охрид?!

Охрид Скај

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...