7.1 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаКараџовски: Британскиот сој е „чyдовиште“ за само три дена, ги оштeтyва сите...

Караџовски: Британскиот сој е „чyдовиште“ за само три дена, ги оштeтyва сите органи во телото

Д-р Жарко Караџовски во своето гостување во „Само Интервју“ на Канал 5 зборувајки за третиот бран кој силно ја погоди Македонија деновиве, коментираше дека за ширењето се виновни мутациите на вирусот кој се појавија делови од светот.

„Имавме еден бран во минатата календарска година, кога грото од протооли беа направени за поитување на одредени мерки, тоа се стандарди мерки коишто и сега важат, дистанца, носење маска, негрупирање, и она што народот сакаше или не сакаше да го прифати, дека нешто ни се случува и дел од тие мерки беа имплементирани во пракса. Вториот бран којшто беше во ноември, беше добро очекван заради тоа што тој бран се случи низ цела Европа. Третиов бран е исто така во Средна Европа посебно, меѓутоа во цела Европа е функционален во овој момент и го имаме. Меѓутоа што е различно? Тогаш го немавме Британскиот сој, а сега во Македонија со сигурност ги имаме Чешкиот и Британскиот сој.

Во однос на Британскиот сој, Караџовски претпоставува дека тој и сопругата биле заразени, од како што го нарече тој, тоа „чудовиште“, коа за многу кратко време предизвикува тешки компликации.

„Овој Британски сој кој што е во државава сите велиме дека е меѓу 50 и 70 % веќе присутен од јануари па наваму. Во 48 до 72 часа прво не знам кај сум се заразил, второ не контактираме со никого, нити некој ми доаѓа дома, нити излегувам. Во 24 до 48 часа се започнува клиничка слика којашто е навидум лесна, меѓутоа воспаление на бели дробови, тешка компликација се прави за нецели три дена. Ако некогаш велевме дека инкубацијата може да треа до 14 дена сега е три до пет дена. На оние лица коишто се позитивни мораме да им обрнеме внимание дека клиниката слика може да се појави нагло, во мал временски период, со навидум лесни симптоми и со многу потешка компликација. Компликацијата е прво на белите дробови, меѓутоа имаме мултисистемско зафаќање, од глава, тоа значи централен нервен систем, мозок, шлог, надоле, невролошки испади, оштетување на белите дробови, оштетување на срцето со тахикардии и аритмии, оштетување на црниот дроб и бубрезите, оштетување на крвните садови со таканаречено згрутчување на крвта. Значи мултисистемско зафаќање за многу краток временски период од нешто, јас ќе го наречам чудовиште заради тоа што не може да го предвидиш кај кого кога и на кој начин ќе се појават симптомите“, појасни Караџовски

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...