13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Имам убава вест, Европската Унија обезбедила 600.000 вакцини, дел од тие...

Заев: Имам убава вест, Европската Унија обезбедила 600.000 вакцини, дел од тие вакцини ќе пристигнат во нашата земја.

Европската Унија обезбедила над 600.000 вакцини за Западен Балкан, а дел од нив ќе пристигнат во Македонија во април. Ова го соопшти премиерот Зоран Заев, кој телефонски разговарал со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Претседателката ме извести дека ЕУ обезбедува 651.000 дози вакцини за заштита од Ковид-19 како директна помош за граѓаните на земјите од Западен Балкан, а соодветен дел од нив согласно бројот на жители во текот на април ќе пристигнат и во Северна Македонија“, соопшти Заев.

Во телефонски разговор со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен разговаравме за соработката…

Заеднички било констатирано дека европската соработка и солидарност мора да бидат на прво место во услови на глобална пандемија и загрозено јавно здравје. За време на разговорот била потврдена обостраната силна заложба за забрзана интеграција на регионот кон Унијата, напиша премиерот Заев на социјалните мрежи.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...