8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаСкопјанка заврши во болница со силен оток на очите поради азбестот од...

Скопјанка заврши во болница со силен оток на очите поради азбестот од барака, која ја урнаа со багер.

Со силна алергија и отоци на лицето деновиве се здобила жителка на улицата „Букурешка“ во скопската населба Тафталиџе откако во непосредна близина на нејзината куќа тешка градежна механизација уривала стари бараки кои во себе содржат азбест и стаклена волна. Ида Хрисохо-Лозановски е само една од повеќето жители во оваа населба кои се револтирани од начинот на кој што се уриваат старите бараки за изградба на нови згради.

 

Таа за „Скопско ехо“ вели дека уривањето не се вршело правилно и наместо да се отстрануваат цели плочи од старата барака за да не се разнесат азбестни честички, кои се канцерогени, куќата била урната со багер. Како што вели, сега азбестот е во воздухот, по дворовите и по фасадите на околните куќи.

-Завршив во амбуланта со кортико инекции поради оток и алергија со потечено лице, како резултат од дишење на затруен воздух со канцерогени честички. А работното место ми е дома, на 15 метри од ова што го прават. Не е битно изгледот на моето лице, но е битно она што го примиле и ќе го примаат моите бели дробови. Тоа е резултат на сосема загадената околина, а сето тоа ќе остане уште 20 години на ова место, ни изјави Хрисохо-Лозановска.

На таа локација треба да се изградат неколку станбени објекти. За уривање останала уште една стара барака која, исто така, содржи големи количества на азбест и стаклена волна. Хрисохо-Лозановска вели дека бараката треба да се демонтира панел по панел, а не да со удирање на багер.

 

 

За сето ова се пожалила и на општина Карпош, но инспекцијата не нашла нешто спорно.

– Ние соседи молевме да се демонтира рачно и само некои салонитки се демонтираа рачно. Дојде инспекција, рече дека е важно што решението е правосилно, сѐ е супер. А, што нема ограда, метална или каква било, тоа не беше ништо ни важно, па и не морало да има ограда. Повратниот одговор од градоначалникот беше дека сѐ е супер, а јас сум и другите сме нападнати од отровен азбест, вели Хрисохо-Лозановски.

 

Нашата соговорничка стравува дека може да биде и полошо кога наскоро ќе се урне и втората барака, која се наоѓа веднаш зад урнатата, затоа и апелира за поголема одговорност./skopskoeho.mk/

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...