31.9 C
Ohrid
четврток, јули 29, 2021
Почетна Македонија Заев до новите полицајци: Да им служите на сите припадници на народите...

Заев до новите полицајци: Да им служите на сите припадници на народите на нашата земја

Translate (Eng):[gtranslate]

На свечената церемонија по тој повод се обрати и премиерот Зоран Заев кој истакна дека се радува со успехот на кандидатите кои ја завршиле обуката и дека пред најновата генерација полицајци стои една од најблагородните должности, да ги штитат граѓаните, уставот и законите, и да им служат на сите припадници на народите на нашата земја.

– За време на вашата обука научивте какви се очекувањата од исполнувањето на вашата должност како полициски службеници. Научивте дека таа должност треба да ја исполнувате достоинствено, со почит кон другите, со сочувство, со чесност, храброст и внимание. Уверен сум дека обуката ве подготви да ги извршувате задачите најдобро што можете. Секоја задача што ќе ја добиете ќе биде важна зашто е во служба на заштитата и на услуга на граѓаните. Зашто е во насока на заштита на безбедноста на граѓаните, и во заштита на правото и правната држава.

Заев на полициските службеници им порача да ги извршуваат нивните обврски со интегритет и видлива компетенција за да бидат пример и да ги охрабрат другите во оваа одговорна мисија.

РЕКЛАМА

-Така лично ќе ја стекнете довербата на граѓаните и на тој начин ќе учествувате и во подигањето на довербата на граѓаните во полицијата.

- Реклами -