6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаВесна Илкова: По социјалните мрежи се ширеа лажни вести, Борис Трајанов не...

Весна Илкова: По социјалните мрежи се ширеа лажни вести, Борис Трајанов не е мртов, се чувствува подобро…

Најпознатиот македонски вокал, маестро Борис Трајанов закрепнува од Ковид 19 и се чувствува подобро, дознава Радио Лидер. Вчера по социјалните мрежи и порталите се ширеше лажна вест дека тој починал.

Македонските граѓани со потресни статуси на социјалните мрежи синоќа се простуваа од реномираниот оперски пејач Борис Трајанов, откако на социјалните мрежи и портали се ширеше лажна вест дека тој починал од последици на Ковид-19 во една од приватните клиники во Скопје.

На лажната вест реагираше и Весна Илкова, која е водечки оперски драмски сопран во Македонија, доцна вечерва таа ги демантираше информациите.

– Ве замолувам сите кои пишувате текстови дека колегата Борис Трајанов не е меѓу нас да се воздржите од коментари. Последна информација вечерва е дека полека закрепнува, напиша таа на својот фејсбук профил.

Инаку, реномираниот оперски пејач Борис Трајанов веќе неколку денови води тешка борба со корона вирусот во една од приватните клиник.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...