6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаВистински другар: Македонец возел „фиќо“ од Неготино до Гетеборг за да му...

Вистински другар: Македонец возел „фиќо“ од Неготино до Гетеборг за да му го поклони на пријател

Со „фиќо“ произведено во 1978 година, без никаков проблем, неготинецот Дејан Петков стигна од Неготино до шведскиот град Гетеборг.

По извозени 2.460 километри, тој му го подарил автомобилот на пријател, кој имал голем мерак за „фиќовци“. Несекојдневната и необична авантура на Петков поминала со многу интересни моменти. Огромен број возачи, особено во Германија, го поздравувале и му свиреле со автомобилите во знак за поддршка. Во еден момент возачи од Германија барале да застане на патот за да му го видат автомобилот. „Фиќото“ на брод ја поминало релацијата од Росток до Малме.

– По 60 часа стигнавме на дестинацијата. Имам другар во Гетеборг, кој живее таму 28 години и на кој му беше желба и мерак да има „фиќо“, па му донесов. Kупено е за 800 евра, а ќе се вози и понатаму. По пат сите н` поздравуваа, бараа да се сликаат со нас. Kога другар ми го виде, се радуваше како мало дете кога ќе му купиш играчка, кажа за „Дневник“ Петков.

Голем број неготинци, но и Тиквешани воопшто, се љубители на овие мали автомобили. Едни имаат и не ги продаваат, други допрва бараат да си купат, трети се сликаат со нив каде и да ги видат. Таа своја љубов полека ја пренесуваат и на други во светот. Многу од оние што с` уште чувствуваат југоносталгија, велат дека, ете, се работи за југословенска машина. Неретко на социјалните мрежи постираат фотографии на кои позираат крај своето „фиќо“. И Европа е мала за „фиќо“, пишува над една од нив.

– Летово кога бев во Италија се сликав со две италијански „фиат 500“ и „фиат 600“, слични на некогашните југословенски. Јас и Дејан Петков-Попето сме двајца другари од детството, љубители на овие возила. Сум среќавал многу југословенски возила низ Скандинавија, еве фотографија од едно „фиќо“ со шведски таблички. Kај и да одам, ако сретнам наше возило, го фотографирам, рече за „Дневник“ Ангел Арсовски-Kазанова.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...