11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаЕстрадаОд последици од ковид почина Зафир Хаџиманов- македонски актер , пејач, композитор

Од последици од ковид почина Зафир Хаџиманов- македонски актер , пејач, композитор

Зафир Хаџиманов, нашиот познат македонски актер, пејач и композитор, почесен Амбасадор на македонската култура во Србија, активист на македонската заедница, почина од последици на коронавирусот.
Зафир е роден во Кавадарци и по завршено основно училиште, заминал во Скопје каде завршил гимназија и музичко училиште, и воедно започнал да се занимава и со музиката и театарот. Факултетот за драмски уметности го студирал во Белград каде почнал да настапува и како пеач на забавна музика. Со учество на музички фестивали започнал со настапот на фестивалот во Опатија 1965 година кога освоил прво место со песната„ Зошто доаѓаш само со дождот“. Четири години подоцна, на истот фестивал го има изведено неговиот познат евергрин „Беше мај“. Како пеач настапувал и во странство, особено во тогашниот Советски сојуз, а паралелно снимал и ТВ шоу-програми, и ја градел глумечката кариера. Зафир Хаџиманов играл и во филмовите „Но“ на режисерот Жика Митровиќ и „Македонска крвава свадба“ на режисерот Трајче Попов. Во својата долгогодишна кариера има забележено и настапи на големите театарски сцени како што е „Форум театарот“ во Бостон.
Зад себе има оставено право богатство на песни кои толку лесно ги пееше како што се „Зошто“, „Мари,Мари“, „Панаѓур“, „Како Вардар“, „Има-нема“, „Туѓа си“, „Љубов неверна“, „Гулабица“ (дует со сопругата Сенка), „Од љубов не се бега“, „Свири мој маестро“ и многу други, преку многубројни и разновидни композиции, книги на поезија и проза.
Во тага и болка зад себе ги остави сопругата Сенка Велетанлиќ и синот Васил Хаџиманов.
Бог да го прости! Почивај во мир драг наш Зафире!Искрено сочувство до фамилијата!

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филм за Тоше во српска продукција ќе се прикаже премиерно во Штип!

Голем настан во чест на легендарниот музичар Тоше Проески ќе се одржи во Дом на млади во Штип, на шести јуни годинава. Како што...

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна навреме и без проблеми

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат...

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата?!

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...