14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаБранко Тричковски продолжува со лагите и говорот на омраза: ''Денес почина Антонио...

Бранко Тричковски продолжува со лагите и говорот на омраза: ”Денес почина Антонио Милошоски”

Бранко Тричковски е омилен пишувач, објавувач и плукач на кампот соросоиди и СДСМ веќе со години.

Медиумите блиски и под контрола на таа партија му отстапуваат простор за колумни, нивните ботови кликаат лајкови, фејвови, ретвитови, шерови со поддршка за нивниот човек задолжен за прљава егзекуција.

Бранко Тричковски, човек со голема лична трагедија во семејството, својата болка и изместеност од трагедијата ја злоупотребува во форма на посакување болка и смрт на луѓе кои ги одбира тој или му ги одбираат неговите ментори.

Тричковски досега јавно опиша и посака смрт на десетици лица од спротивната политичка страна на неговите ментори: на Никола Груевски, Христијан Мицкоски, Драган Павловиќ Латас… а последната страница од неговата ненормалност, бесчестие и срам е пишувањето за смртта на пратеникот Антонио Молошоски.

И не е Тричковски единствен од таа соросоидна и есдеесемовска страна. Државата казни луѓе за навреда на бугарска политичарка. Ако така вели законот, нема што да се додаде. Но, каде е законот за Саше Ивановски и неговиот портал Мактел кој ги пцуе, навредува, јавно посакува најтрагична судбина на српските политичари Дачиќ и Вучиќ?

И Ацо Кабранов, со своите трагедии и соочување со смртта, сред бел ден пишуваше во Либертас дека новинарот Драган Павловиќ Латас доживеал тешка сообраќајка, се тумбал со неговиот џип во Зелениково… Веста беше трауматична за сите блиски и познаници на спомнатиот – и неточна. Ацо Кабранов никогаш не се извини за ова. Како ни Тричковски.

Дали е ова само говор на омраза и стигматизам? Не е само тоа, многу повеќе е.

Има нешто секташко, мрачно, заслепено во очај, задушено во гнев и омраза на таа политичка страна. Нешто нечовечно што заскитало далеку од поимливоста на нормалното. Тоа што едни со други се поддржуваат во лудилото не ги прави нормални. Ниту ги прави луѓе. Само ги колективизира како такви.

Еве го најновото воспевање на туѓата смрт од нивниот “омилен“ Бранко ТРичковски:

Пишува: Вечер

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...