9.6 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаБрнабиќ: Вакцините кои ги примија македонски граѓани и нашите министри имаа рок...

Брнабиќ: Вакцините кои ги примија македонски граѓани и нашите министри имаа рок на траење до почетокот на април, нашата цел е да се потрошат вакцините а не да се фрлаат.

Србија викендов го обедини Балканот, а граѓани од сите земји од нејзиното соседство доаѓаа таму на вакцинација. Се вакцинираше со вакцината АстраЗенека која има пократок рок на траење поради тоа што се чува на повисока температура. Вакцините кои се аплицираа во саботата и неделата, а кои ги примија и многу македонски граѓани, имаат рок на траење до почетокот на април. Сепак премиерката на Србија Ана Брнабиќ утрово за телевизија Хепи рече дека сиот процес не бил изведен поради тоа. Сепак потврди дека Србија не сакала да фрла вакцини.

„Што се однесува до рокот на вакцината, мора да се знае дека рокот на секоја вакцина мора да заврши некогаш. Точно е дека вакцините на АстраЗенека имаат пократок рок, поради начинот на чување, односно може да се чуваат на температура меѓу два и 8 степени. Инаку, да, рокот истекува сега на почетокот на април, но знаете и нашиот потпретседател во Владата, министерот Недимовиќ се вакцинираше пред седум до десет дена, вели Брнабиќ.

Таа е децидна дека операцијата на масовна вакцинација на регионот сепак не беше поради рокот, но дека секако Србија не сакала да ги фрла.

„Но тоа не се случи заради тоа, затоа што истекува рокот на траење. Ние не сакаме да фрламе вакцини. Има земји кои фрлаа затоа што нема капацитети за организација сите луѓе да се вакцинираат, вели Брнабиќ.

За три дена, во четврток, сабота и недела, вакцинирани се повеќе од 22 000 странци, кои дојдоа или на покана на Српската стопанска комора или се регистрираа преку порталот на електронската управа, изјави директорот на Канцеларијата за ИТ и е-управа Михаило Јовановиќ.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...