11.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаСветКинезите пронајдоа златна маска стара 3.000 години !!

Кинезите пронајдоа златна маска стара 3.000 години !!

Археолозите пронајдоа остатоци од златна маска стара 3.000 години на еден археолошки локалитет во кинеската провинција Сечуан.
Маската тежи околу 280 грама, а се проценува дека е изработена од 84% злато.

„Оваа церемонијална маска е еден од повеќе од 500 објекти што археолозите ги ископале од шест новооткриени „жртвени јами“, објави Националната управа за културно наследство.

Артефактите се пронајдени во Санксингдуи, област што зафаќа 11,9 квадратни километри и се наоѓа недалеку од главниот град на провинцијата Сечуан, Ченгду.

Некои експерти веруваат дека новооткриените предмети би можеле да бидат извор на нови сознанија за античката држава Шу, кралството што владеело со западниот слив на Сечуан сè додека не се освои, во 316 година п.н.е. Покрај златната маска, археолозите откриле и златни фолии и артефакти изработени од бронза, жад и слонова коска.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Првичните официјални резултати во општина Дебрца: ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ 377

На Претседателските избори во Македонија ВМРО ДПМНЕ води со огромна разлика. Шило Магазин ги доби и официјалните резултати од Општина Дебрца- ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ...

СДСМ: Ги очекуваме првичните резултати од изборите.

Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, прес-конференција по завршувањето на претседателските избори, Скопје, 24.4.2024 година Изборниот ден помина во фер и демократска атмосфера, а граѓаните својата...

Таравари: По долги години ДУИ конечно оди во опозиција

Кандидатот за претседател од редовите на албанската „Вреди“, Арбен Таравари на првата прес – конференција по затворањето на гласачките места порача дека очекува на...

На 20% пребројани гласови – Гордана 44,71%, Стево 19,09%

На 20% на ниво на Македонија, пребројаните гласови се вака: Гордана Сиљановска Давкова 64.929 44.71% Стево Пендаровски 27.728 19.09% Бујар ОСмани 18.896 13% Арбен Таравари 12.916 8.5% Максим...