8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаПановски: Го проколнувам денот кога го донесов Сумамедот во Македонија.

Пановски: Го проколнувам денот кога го донесов Сумамедот во Македонија.

Доктор Никола Пановски е професор на Институтот за микробиологија и поранешен директор на Фондот за здравство. Тој во интервју за „Фокус“ објаснува како за време на целата ковид пандемија граѓаните се „трујат“ со непотребни антибиотици, кои воошто не делуваат на вирусна инфекција. Исто така, доктор Пановски тврди дека до крајот на годината за сумамед и панцеф се препишани повеќе од 600.000 рецепти, а буџетот на Фондот за здравство е оштетен за околу половина милион евра.

Разговараше Ирена МУЛАЧКА

ФОКУС Докторе веќе одреден период алармирате дека за време на пандемијата со Ковид 19 се пијат многу антибиотици. Можете ли да ни објасните што се случува?
ПАНОВСКИ Се случува пандемија на полипрагмазија, односно дел од специјалистите и дел од матичните лекари, препишуваат антибиотици за вирусна болест, на која тие воопшто не дејствуваат, а и други лекови кои јас не би ги коментирал, тоа го оставам на оние кои се постручни од мене за тие лекови. Излегоа некои рани студии дека азитромицинот, па потоа цефиксимот, можеби имаат антивирусни својства. Тоа беше во март. Тоа дејство кое го имаа во лабораторија не се потврди во клиничките студии. Тоа се два достапни лекови кај нас, под заштитените имиња Сумамед и Панцеф. Од сосема непознати причини, почнаа пациентите да ги бараат, а лекарите да ги препишуваат. Масовно, дури тоа си го нарекоа „стандардна терапија или профилакса“ за ковид 19, непозната во науката. Во Хрватските протоколи за третман на ковид, нема збор за нивниот сумамед во лекување на оваа болест. За жал се препишуваат и други антибиотици, како што е моксифлоксацин, кој инаку не е на позитивната листа на ФЗО, па не ја знаеме точната бројка на потрошени пакувања.

ФОКУС Кои според вас антибиотици најмногу се користат и имате ли податоци колку досега се потрошени?
ПАНОВСКИ На прво место е лекот азитромицин, најчесто како Сумамед таблети од 500 мг, за кој оваа година ќе заврши со најмалку 200.000 реализирани рецепти повеќе во однос на 2019 година, што во проценти изнесува 122% зголемување. На второ место е лекот цефиксим, под заштитено име Панцеф таблети од 400 мг, со зголемување од 60.000 реализирани рецепти повеќе од лани, или во проценти 64% зголемување, на трето место е антибиотикот ципрофлоксацин со 30% зголемување. Реализиран рецепт значи рецепт на терет на ФЗОМ, препишан од матичен лекар и подигнат во аптека. Тука не се бројат и нема точни податоци за истиве лекови, купени во аптека со лични средства на граѓаните, пропишани на обичен рецепт. Се смета дека тоа се уште најмалку 100.000 пакувања за азитромицин подигнати на овој начин. Често се пропишуваат и лекови кои не се на позитивната листа на Фондот и за нив нема податоци од ФЗО, односно тие антибиотици пациентите сами ги купуваат на обичен (розов) рецепт напишан од било кој дипломиран лекар кој има факсимил.

ФОКУС Кои се тие лекови?
ПАНОВСКИ Тоа се лековите: цефподоксим (Трицеф), моксифлоксацин (Моксирал, Моксилам Авелокс), левофлоксацин (Флексид) итн. Интересно, кај другите антибиотици има стагнација, па и намалување на рецептите, а тоа пред се се однесува за формите на антибиотици за деца. Значи, очигледно е кој е мотивот за препишување, тоа е вирусната болест ковид, а намалувањето на рецепти за деца и за другите антибиотици е логично, оваа година другите инфекции се многу поретки поради рестриктивните мерки и мерките за лична заштита.

ФОКУС Зошто матичните лекари речиси на секој позитивен пациент на Ковид 19 му препишуваат антибиотик?
ПАНОВСКИ Тоа е прашање за психолозите и социолозите. Имено, не постои матичен лекар кој не знае дека за вирусна болест не се даваат антибиотици. Ниту за профилакса, ниту за терапија. Поминале низ многу обуки. Нема поедуцирани лекари од матичните. Една причина, притисок од страна на пациентот да добие нешто. На комшијата му препишаа и јас сакам. Што повеќе толку подобро. Ако не ми дадеш, ќе одам кај друг лекар. Втора причина, ако не му препишам, а му се случи нешто, кој ќе објаснува дека јас не сум виновен (инаку знае дека не би бил виновен). Трета причина, немам време да го прегледам, да му објаснам, да направам лабораторија, дел од лабораториските прегледи како Ц реактивен протеин (ЦРП) не се покриени од ФЗОМ, пациентот сам треба да ги плати. Ако не му дадам, треба секојдневно да го следам, вака ќе му препишам, бар неколку дена нема да ми се јавува. Четврта причина, специјалистот, најчесто интернист или инфектолог предложил, што е многу честа појава, а матичниот е во незгодна позиција да му објасни на пациентот дека специјалистот не е во право. Дел од матичните лекари, во овие времиња на страв и паника, правилно ги водат пациентите, не брзаат со терапија, ги следат, ја стекнале довербата од пациентите и не препишуваат непотребни лекови. За жал, мој впечаток е дека тие се малцинството.
за повеќе детали тука… ФОКУС

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...