7.9 C
Ohrid
четврток, декември 7, 2023
ПочетнаМакедонијаЕден од упасените во Сарај за трговија со дрога бил пријавен за...

Еден од упасените во Сарај за трговија со дрога бил пријавен за попишувач?

Политизирањето на пописот со ангажирање на партиски лица доведе до тоа да едно од лицата уапсени за трговија со дрога во акцијата „Планина“ бил попишувач на територија на Сарај.

За тоа мора да се понесе одговорност и директорот на ДЗС, Апостол Симовски треба да си понесе оставка, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во Само Вистина на Канал 5.

Арсовски прашува дали воопшто постои некаков филтер и дали некој гледа какви лица ќе бидат попишувачи бидејќи не смее да се дозволи лице уапсено за трговија со дрога да биде попишувач.

– Ова е сериозен скандал и за ова треба да се понесе одговорност. Апостол Симовски директорот на ДЗС требаше досега да си даде оставка. Нему му беше поважно да слуша слепи насоки од страна на неговата партија како партиски војник, наместо да ја согледа реалната слика зошто треба да се одложи пописот, потенцира Арсовски.

Арсовски додаде дека главна причина за одлагање на пописот требаше да биде и состојбата со коронавирусот, која Симовски не сакаше да ја согледа иако инструктор близок до него се заразил со коронавирус.

– Прва причина за одлагање е заштита на здравјето на граѓаните. Самиот призна во истава емисија дека четворица од инструкторите се заболени со корона. Од петокот досега уште еден од инструкторите кој што е во секојдневна комуникација со Симовски е позитивен на корона, значи дефакто се шири и меѓу инструкторите, нагласи Арсовски.

Тој истакна дека покрај тоа и системот има слабости бидејќи самата апликација е тотално нефункционална и беше падната само еден ден пред да биде одложен пописот
ГИС апликацијата каде што треба да се лоцира секоја една куќа и семејство не функционира и тоа е уште една слабост на апликацијата. Државни инструктори се луѓе кои не се вработени во ДЗС, туку се договорци, синови и ќерки на вработени и блиски до директорот. Пред само неколку дена 150 од попишувачите исплашени од состојбата со короната и се откажаа. Тоа се повеќе причини за одговорност и одлагање, вели Арсовски.

извор: инфомакс

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мајката на Вања: Не можам да разберам, се ми е нереално – Со сопругот бевме 5 години разделени, но бевме во добри односи.

Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања Ѓорчевска (14) која беше убиена кај скопското село Бразда за српска „Република“ изјавува дека важно и е само да...

Групата на Палевски имала списоци за изнуди, киднапирања и ликвидации, тврди Ременски

Да се прошири истрагата за групата на Љупчо Палевски, зашто нивните дејства се еднакви на тероризам и истите имаат криминално минато за кое требало...

Курти бара најстроги казни за убијците на Вања

Косовскиот премиер Албин Курти смета дека на сторителите на киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска во Македонија и нарачаното убиство на 30-годишната Лиридона...

Македонските иселеници во Турција никогаш не ги заборавија своите македонски корени

Според Мустафа Кемал Узункаја, здружението на македонските иселеници ЕГЕ во изминативе години има преземено повеќе активности што се насочени кон зачувување на нивните македонски...