5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонија има со што да се горедее: Таеквондистите на Хва ранг ИТФ...

Македонија има со што да се горедее: Таеквондистите на Хва ранг ИТФ и онлајн растураат – 7 медали на „Чешка е-опен 2021“

Викендов 27.03/28.03 2021 се одржа меѓународен отворен Таеквон-до ИТФ онлајн турнир “ЧЕШКА Е – ОПЕН 2021”, во организација на Чешката Таеквон-до ИТФ Федерација, каде се натпреваруваше само една дисциплина ФОРМИ(борба со замислен противник).

На овој турнир во конкуренција од 400/400 натпреварувачи од 47 клубови од 23 земји во Европа, охридскиот клуб учествуваше со 15 натпреварувачи.

– После долго време имавме прилика повторно да го почувствуваме натпреварувачкиот дух, иако е преку интернет сепак желбата за победа ги мотивира нашите натпреварувачи, кои покрај големата конкуренција успеаја да не израдуваат со 7 медали: 1 златен, 3 сребрени, 3 бронзени, со што докажаа дека сеуште квалитетот на нашиот клуб е на највисоко ниво, и се спремни за нови победи, вели Марјанчо Лазаревски, тренер на клубот и претседател на Македонската ИТФ, кој користи прилика јавно да се заблагодари на генералниот спонзор на клубот “ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен за сите нивни успеси.

Освојувачи на медали се:

Елена Јанеска – 1 место златен медал 6-5 куп (зелен појас) јуниори девојки 14-17 год.

Давид Крстески – 2 место сребрен медал 1 дан (црн појас) деца 11-13 год.

Христијана Парулеска – 2 место сребрен медал 6-5 куп (зелен појас) девојчиња 11-13 год

Никола Балчески – 2 место сребрен медал 8-7 куп (жолт појас) јуниори 14-17 год

Давид Велковски – 3 место бронзен медал 1 дан (црн појас) сениори 18-39 год

Петар Трифуноски – 3 место бронзен медал 8-7 куп (жолт појас) јуниори 14-17 год

Филип Митрески – 3 место бронзен медал 8-7 куп (жолт појас) деца 11-13 год

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...