6.4 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаНиколовски: Функционерот по закон може да го почастите само 20 евра но...

Николовски: Функционерот по закон може да го почастите само 20 евра но не и повеќе..

На заедничката прес-конференција со министерот за правда Бојан Маричиќ и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Николовски напомена дека во Извештајот, ГРЕКО позитивно го оценува донесувањето на новиот поприменлив Кодекс за етичко однесување на именуваните функционери, дава експлицитен позитивен коментар за измената на владината Уредба за примање подароци, но го поздравува и транспарентното објавување на имињата на сите советници во Владата.

Николовски најави дека во претстојниот период интензивно ќе продолжи спроведувањето на системските реформи што ќе доведе, како што оцени, до создавање функционален систем, со транспарентни институции во служба на граѓаните.

-Ми претставува особена чест што денеска повторно имаме позитивна оценка од Телото на Советот на Европа кое се занимава со мониторинг на антикорупциските стандарди во земјите (ГРЕКО) која се однесува во делот на имплементација на исполнување на препораките. Во извештајот за усогласување на Република Македонија кој се однесува на исполнувањето на Препораките од Петтиот круг на евалуација на тема „Превенција од корупција и промовирање на интегритет на централната власт, ГРЕКО нотира напредок во делот на препораките за борба против курупција. Тоа е показател за јасно изразената политичка волја за спречување и крајно искоренување на корупцијата, истакна Николовски.

Со Кодексот за етичко однесување на именуваните функционери, потсети вицепремиерот, освен министрите и замениците министри, се опфатени сите функционери именувани од Владата, до најниско ниво.

-Особено е потенцирано дека се постапува согласно одредбите од Кодексот, односно дека веќе има слуачи на разрешени функционери поради прекршување на Кодексот. ГРЕКО дава експлицитен позитивен коментар за измената на владината Уредба за примање подароци, подготвена од страна мојот Кабинет и Министерството за финансии. Со оваа Уредба точно се пропишани процедурите за примање на протоколарни дарови од странски и домашни, физички и правни лица. Воедно сумите за протоколарни подароци на максимални 20 евра. Исто така се поздравува транспарентното објавување на имињата на сите советници во Владата, на официјалната веб страна. Во извештајот е нотирано дека веќе е изработен тест за интегритет на советниците на функционерите, преку кој се утврдува нивото на интегритет и способноста за детектирање за евентуални ризици од корупција. Со тоа ќе се проверат личните и професионални карактеристики на највисоките државни функционери како и нивото на познавање на практиките на антикоруптивно и добро владеење. Целта на овој тест е воочување на потенцијално ризичните коруптивни состојби, истите да бидат пример за останатите и секогаш во предвид да се има јавниот интерес, рече вицепремиерот.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...