10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаПендаровски: Барам приватните болници да ги намалат веднаш цените, и да се...

Пендаровски: Барам приватните болници да ги намалат веднаш цените, и да се откажат од профитот во овие тешки времиња..

Претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на Советот за безбедност информираше дека членовите на советот побарале користење на сите расположливи ресурси. Тој исто така посочи дека државата не смее да дозволи ниту еден граѓанин да не биде примен на болничко лекување.

– Ние политичарите мораме први да дадеме пример за почитување на мерките. Имунизацијата ќе започне од утре. Побарав од надлежните да го организираат процесот и тоа да трае до целосно завршување и прекини не смее да има, рече Пендаровски.

Тој исто така рече дека не смее да се повторат фотографиите од Србија бидејќи тоа е срам за нашата држава и дека таа мора да најде начин и да ги вакцинира своите граѓани.

Точно е дека се потпиравме на ковакс механизмот кој задоцни повеќе од два месеци со испораките, точно е дека верувавме во солидарниот фонд на Еу кој ќе профунционира дури во април годинава. Од петте најбогати членки на ЕУ, ниту една нема вакцинирани повеќе од 5% од својата популација, рече претседателот.

Претседателот побара и од приватните установи да се откажат од профитот и нивните услуги и да ги направат нивните услуги подостапни за инфицираните од ковид граѓани.

„Сакам да упатам и личен апел и да ги повикам и приватните установи да се откажат од профитот и нивните услуги и да ги направат нивните услуги подостапни за инфицираните од ковид граѓани и да го упатуваат својот медицински персонал во јавните установи доколку има потреба. – рече Пендаровски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...