7.9 C
Ohrid
четврток, декември 7, 2023
ПочетнаМакедонијаВчера немаше потреба од нови мерки, а денес министерот изјавува ...

Вчера немаше потреба од нови мерки, а денес министерот изјавува дека состојбата во болниците е многу сериозна

Состојбата во болниците е многу сериозна, констатира министерот за здравство, Венко Филипче, по утринскиот состанок со директорите на клиниките. Тој порачува граѓаните да ги почитуваат мерките за да му помогнат на здравствениот систем.

– Утрово имав редовна координација со директорите на Клиниките на која разговараме за состојбата на хопситализираните пациенти со ковид, болничките капацитети, терпиите…Здравствениот систем секојдневно се менаџира, се обезбедуваат нови болнички легла, медицинскиот кадар е целосно мобилизирани, но состојбата во болниците е многу сериозна. Затоа од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките за да ни помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битка со ковид пандемијата, информира Филипче.

 

Вчера пак, по состанокот на Филипче со директорите на клиниките, беше соопштено дека вирусот има широка инфекција на територија на цела држава, а во сите болници низ земјата има слободни кревети, терапијата се доставува без застој и поради тоа нема потреба од воведување нови дополнителни рестриктивни мерки.

 

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мајката на Вања: Не можам да разберам, се ми е нереално – Со сопругот бевме 5 години разделени, но бевме во добри односи.

Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања Ѓорчевска (14) која беше убиена кај скопското село Бразда за српска „Република“ изјавува дека важно и е само да...

Групата на Палевски имала списоци за изнуди, киднапирања и ликвидации, тврди Ременски

Да се прошири истрагата за групата на Љупчо Палевски, зашто нивните дејства се еднакви на тероризам и истите имаат криминално минато за кое требало...

Курти бара најстроги казни за убијците на Вања

Косовскиот премиер Албин Курти смета дека на сторителите на киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска во Македонија и нарачаното убиство на 30-годишната Лиридона...

Македонските иселеници во Турција никогаш не ги заборавија своите македонски корени

Според Мустафа Кемал Узункаја, здружението на македонските иселеници ЕГЕ во изминативе години има преземено повеќе активности што се насочени кон зачувување на нивните македонски...