8.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаПо кратко и тешко боледување од Ковид, почина генерал-мајор Ристо Дамјановски

По кратко и тешко боледување од Ковид, почина генерал-мајор Ристо Дамјановски

По кратко и тешко боледување од Ковид-19 во текот на вчерашниот ден почина првиот министер за одбрана и член на експертската Влада по прогласувањето на независноста на Република Македонија, генерал-мајор, проф. д-р Ристо Дамјановски.

Дамјановски е роден во Доленци, Демирхисарско, 1937 година. Тој е основач и декан на првата Воена академија „Генерал Михајло Апостолски“. Завршил највисок степен на воено образование во Белград, Политичката школа на ЈНА и Висока военополитичка академија, а докторирал на Универзитетот во Скопје и станал прв доктор на воено-историски науки на тема „Воените аспекти на Македонското националноослободително движење“ на Филозофскиот факултет во Скопје. Напредувал од поручник до генерал и од учител до универзитетски професор. Бил претседател на Општински комитет на НММ, член на СКЈ, секретар на Комитетот на СКЈ во полк, во дивизија, на подрачје на Армија и на Комитетот на СКМ во Касарната „Стив Наумов“ во Гарнизонот Битола. Подоцна бил помошник на командантот на Територијалната одбрана на СРМ, предавач на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и виш предавач на Правниот факултет во Битола по Основи на општонародната одбрана на СФРЈ. Бил член на Извршниот совет и Републичкиот секретаријат за општонародна одбрана.

Исто така, учествувал на поголем број научни симпозиуми и има објавено преку педесеттина трудови. Добитник е на бројни награди, меѓу кои и на „4-ти Ноември“ награда за едногодишна работа и наградата „Гоце Делчев“ за највисоки дострели во науката .

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна навреме и без проблеми

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат...

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...

Боки 13: Сакам Лила да ја плукнам, ама не, мојата плунка е повредна од неа !!!

Боки 13 во поткастот наа Лазаров се осврна и на пријателството со Лила Филиповска за која кажа дека кога би ја сретнал, не би...