10.6 C
Ohrid
недела, април 11, 2021
Почетна Австралија Македониците низ светот Македонците во Церје-Пустец, бараат отворање премин на албанско- грчката граница

Македонците во Церје-Пустец, бараат отворање премин на албанско- грчката граница

Translate (Eng):[gtranslate]

 

Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски и градоначалникот на општина Пустец, беа во посета на селото Церје, на албанско-грчката граница, каде со жителите е разговарано за проблемите со кои се соочуваат и прашањата кои чекаат итно решавање.

-Ги посетивме жителите на планинското село Церје, општина Пустец, каде за жал поради лошите услови за живот поголемиот број жители се иселени од селото. Во селото останати се мал број повозрасни лица. Посочија повеќе поблеми со кои се соочуваат а ја нагласија неопходноста од отворање на граничниот премин со Грција, изјави за МИА, Стерјовски.

РЕКЛАМА

Додава дека отворањето на овој граничен премин ќе овозможи и асфалтирање на патот од Зрноско до селото, ќе го заживее селото Церје и ќе ја развие целата област Преспа и поширокиот регион.

-Во албанското Собрание и од албанските институции, како пратеник, веќе имам побарано отворање на граничниот премин Церје. Заедно со градоначалникот на општина Пустец ќе продолжиме да лобираме за негово профункционирање што ќе донесе посебен развој на општината Пустец, ќе ја зголеми економската соработка помеѓу жителите од двете страни на границата и ќе го зголеми бројот на туристи како во Општина Пустец така и во округот Корча, оценува Стерјовски.

Посочува дека македонската заедница во општина Пустец, со години бара отворање на овој граничен премин, но јавноста се запознала преку неговото обраќање во парламентот.

Албанската Влада, смета тој, е неопходно да разговара со грчката страна и ЕУ за отворање на овој граничен премин и со европски пари да се изгради потребната инфраструктура и да се асфалтира патот оди е подготвена да финансира посебен ИПА проект „ЕУ за Преспа“ за развој на регионот на Преспа селото Зрноско до Церје.

Посочува дека Европската Унија му дава посебна важност на регионот Преспа, кој се протега во три земји, Албанија, Македонија и Грција.

- Реклами -