23.9 C
Ohrid
понеделник, септември 20, 2021
Почетна Македонија Мицкоски: За пописот ќе го признаме само населението кое живе во Македонија,...

Мицкоски: За пописот ќе го признаме само населението кое живе во Македонија, а дијаспората само се евидентира !!!

Translate (Eng):[gtranslate]

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека тие ќе го признаат само резидентното население во Македонија.

Тој вели дека она што го прави дијаспората сега е едноставно евидентирање.

„Затоа што се попишува, според Евростат, резидентното население. Тоа значи дека населението кое што во моментот се наоѓа во Македонија или 12 месеци наназад живеалиштето им било тука, во Македонија и не го одјавило своето живеалиште. 12 месеци и еден ден тоа значи дека не влегуваат во населението кое што е резидентно, односно населението кое што е тука и треба да се попишува“, посочува Мицкоски.

РЕКЛАМА

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека населението кое што е во Македонија е резидентно население и токму тоа е статистичка база, додека пак населението кое е пријавено во друга држава е попишано во тие држави.

„Не можеме тоа население да го попишуваме 13 пати, се знае кое население се попишува“, порача Мицкоски.

- Реклами -