6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаСе забранува објекти за игри на среќа на 500 метри од училишта

Се забранува објекти за игри на среќа на 500 метри од училишта

Обложувалници на 500 метри оддалеченост од основните и средните и поскапи лиценци. На ЕНЕР објавени се предлог-измените за Законот за игри на среќа.

Обложувалниците ќе мора да приложат документ со кој се докажува оддалеченост од половина километар од училиштата до кои се доаѓа по најкраткиот безбеден пат.

За добивање лиценца, наместо 105.000 евра ќе се плаќа 125.000 евра. Со лиценцата компаниите ќе имаат право да отворат најмногу 25 уплатни места, а за секое наредно ќе треба да платат дополнително по 5.000 евра.

За приредување на електронски игри на среќа, приредувачот плаќа надоместок во износ од 70 евра по терминал, наместо како досега по 30. За приредување на лотариските игри на среќа на државата ќе и се плаќа 6, наместо 4 отсто, од приходите од вкупно остварените уплати.

Лиценца за приредување на интернет игри на среќа може да се добие само ако операторот има основна главнина од 500.000 евра, наместо само 40.000 евра како што е актуелниот услов.

Предлог измените треба да влезат во Влада до 30 јуни.

Од Асоцијацијата на обложувалници велат дека ги погледнале предлог-измените, но засега немаат оформено заеднички став. Правниот тим на АСОМ викендов ќе ги разгледа и сите забелешки ќе бидат објавени в понеделник. Додека измените беа во подготовка, АСОМ беше причино гласен и против вакви измени бидејќи сметаат дека со вакви измени ќе згасне индустрија која годишно носи прилив од 280 милиони евра во државната каса.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...