25 C
Ohrid
четврток, јули 29, 2021
Почетна Македонија Ненад Чанак: Доста беше толелирање, тие што шират лаги за вакцината и...

Ненад Чанак: Доста беше толелирање, тие што шират лаги за вакцината и се против треба да одат во затвор.

Translate (Eng):[gtranslate]

Претседателот на Лигата на социјалдемократи на Војводина (ЛСВ), Ненад Чанак, побара од државните органи да престанат со „толерирање“ на членовите на движењето против вакцинацијата и оцени дека краткорочните апсења на лидерите против вакцинацијата „не се доволни“, јави дописникот на МИА од Белград.

– Доста беше толерирање на неодговорноста, квазинауката и лудилото, порача Чанак во соопштението.

Тој изјави дека позицијата на Светската здравствена организација и воопшто на медицинската професија е дека единствениот начин да се победи коронавирусот е сеопфатната и масовна имунизација.

РЕКЛАМА

Чанак додаде дека постапките на „неодговорни лица и групи“ ги поткопуваат напорите на државата и го комплицираат процесот на масовната имунизација и дека посебен проблем претставува однесувањето на одредени медиуми кои овозможуваат промовирање на идеи против вакцините.

– Недозволиво е во деновите кога ги броиме мртвите и сериозно болните, а здравствениот систем едвај опстојува, државата да дозволува непречено дејствување на овие опасни лица и групи, смета Чанак.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во дискусијата околу потребата од масовна вакцинација српските медиуми го наведуваат и познатиот микробиолог на Ветеринарниот институт во Краљево, Миланко Шеклер, кој изјави дека трендот од 5.000 пациенти дневно не се менува, како и дека „се чини оти короната е поуспешна од вакцинацијата“, која сега е во стагнација и мора да се забрза.

Како што оцени Шеклер, треба да се организира силна кампања за вакцинација, со познати личности, спортисти, „надвор од политичкиот контекст, во чии мотиви и ориентација кон патриотизмот нема сомнежи и кои сите ги сакаат“, меѓу кои треба да се „фудбалската репрезентација, познати спортисти како Новак Ѓоковиќ или Владе Дивац, кои постигнуваат успех и на кои луѓето им веруваат“.

– Од друга страна, кога тажна реалност е што најголема гледаност имаат ријалити емисиите, јас би испратил мобилен тим во Парови и Фарма, така што разни Кија Коцкари и разни Кристијани Голубовиќи пред камери ќе примат вакцина. Ова е целната група што треба да се охрабри и убеди, утредента би имале најмалку половина милион вакцинирани, изјави Шеклер.

Тој посочи дека ја поддржува иницијативата вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници.

- Реклами -