9.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот на Штип само се пофалил и се сликал со Љупче, тој...

Градоначалникот на Штип само се пофалил и се сликал со Љупче, тој денес работи за 500 денари во приватна фирма и сеуште не е осигуран.

spot_imgspot_img

Приказна што започна од редакцијата M»Net HD неопходната помош на татко кој се бори да обезбеди парче леб за себе и за својот малолетен син, добива поголеми размери. На почетокот наместо со млеко својот син го хранеше со вода и шеќер, денес благодарение на хуманите граѓани има потребни услови и продукти за живот. Љупче побара помош од институциите, од надлежните и како што јавноста знаеше тој добива помош, работа и градинка за неговото дете. Но Љупче вели реалноста е поинаква.

Љупче е благодарен на хуманите граѓани, кои му излегле во пресрет и му донирале и храна и се што му е неопходно нему и на неговиот малолетен син. Но, помошта општината речиси невидлива.

Во моментот кога пристигнувала храната и донацијата од хуманите граѓани еден од пријавените волонтери бил и Александар. Во телефонски разговор накратко и тој ја долови ситуацијата која таму се одвивала.

Стрателството на неговиот син сеуште е кај неговата мајка. Љупче вели за да си го земе старателството, од Центарот за социјална работа му барале да има стална работа и да биде осигуран.

За реалноста со која се соочува и во која живее Љупче, одговор побаравме и од втората засегната страна, од општината и првиот човек на град Штип, д-р. Николов.

Љупче денеска не бара ништо. Како што вели тој има доволно храна и облека за него и неговиот син одредено време да може да се прехранат. Единствено нешто што му остана е да добие стална работа, со која ќе може да го добие и стрателството над неговиот малолетен син.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...