8.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЈА ЗАГУБИ БИТКАТА СО КОРОНАТА: Почина Гоце Илиески, возачот на брза помош...

ЈА ЗАГУБИ БИТКАТА СО КОРОНАТА: Почина Гоце Илиески, возачот на брза помош кој ја доби болеста спасувајќи животи

Возачот во прилепската Брза помош, Гоце Илиески (42)за кого Македонија собираше донации за лекување, ја загуби биитката со коронавирусот. Со ковид- 19 тој се зарази на работното место, спасувајќи животи. Во тешка состојба беше хоспитализиран на една од приватните клиники, а по апелот на социјалните мрежи, масовно се собираа средства за негово лекување.

На осми март почина мајката на Гоце, но најблиските одбиваа да му ја кажат лошата вест бидејќи и самиот беше во критична состојба. Ја имал само неа, бидејќи татко му починал во 2007 година.

И синот на Илиески, Филип (12), беше хоспитализиран во клининиката Козле, но после долго боледување е подобар, неодамна информираа блиски пријатели на семејството.

Инаку, Гоце Илиески беше сопруг и татко на две малолетни деца.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...

Боки 13: Сакам Лила да ја плукнам, ама не, мојата плунка е повредна од неа !!!

Боки 13 во поткастот наа Лазаров се осврна и на пријателството со Лила Филиповска за која кажа дека кога би ја сретнал, не би...

Малолетен учник претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае.

Малолетен учник под 14 години претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае. Насилниот ученик најпрвин нападнал неколку деца, а кога наставничката...