10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаЕстрадаНовица и Татјана: Нема зима без ајвар ни во Мелбурн Австралија.

Новица и Татјана: Нема зима без ајвар ни во Мелбурн Австралија.

Додека кај нас времето се повеќе се затоплува, пролетта полека ја буди природата од зимскиот сон, на јужната хенисфера од земјината топка, летото си замина и настапува есента. Далечната Австралија е континентот каде живеат многу македонски иселеници, меѓу кои и некои познати естрадни ликови како брачната фолк двојка, пејачите Татјана Лазаревски и Новица Василевски.

Овој пар отсекогаш бил многу отворен и транспарентен и не го криел ниту професионалниот, ниту пак приватниот живот. Особено Татјана, која преку своите профили на социјалните мрежи редовно ги става на увид настаните, збиднувањата, тековните случки или што би рекле народски, сите „дешавки“ од нивниот семеен живот.

Музичката хармонија преточена во семејна, ги прави Татјана и Новица не само една од најхармоничните професионално-приватни двојки, туку и семејство за пример, во кое едниот се грижи за другиот, а обајцата за децата и домот. Дека е тоа така, распеаните сопружници приложија нова тура фото докази. Овој пат надалеку познатиот македонски домаќинлук беше во фокусот на вниманието.

Грижата за домот и семејството е секако одраз на домаќинлукот, кој не би бил комплетен ако не загосподариш со кујната и домашните специјалитети. А есента е вистиинското годишно доба за вакава демонстрација, врема кога распеаната брачна двојка со насмеани лица, дури и во далечната Австралија покажа како се прави македонска зимница!

vistina.com.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...