7.4 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Не чуствувам никаква одговорност за моменталната ситуација, и нема потреба да...

Заев: Не чуствувам никаква одговорност за моменталната ситуација, и нема потреба да барате оставка за Венко Филипче јас ќе ги наградам сите доктори.

Премиерот Зоран Заев вели дека нема да понесе одговорност за состојбата со ковид-19 ниту пак ќе бара од некој од владата и здравствените власти такво нешто. На денешната прес-конфереција одговарајќи на новинарско прашање дали чувствува одговорност за состојбата со оглед на тоа дека до пред неколку денови се организираа настани, се отвораа пазари, а денеска се носат рестрективни мерки поради големиот број смртни случаи и преполните болници, Заев рече дека сите од владата работат во интерес на граѓаните и секогаш одлуките се носеле врз основа на анализи и пресек на бројките на неделно или двонеделно ниво.

„Кажете каква одговорност, нема проблем, потенцирајте на Заев оставка, Венко Филипче да си даде оставка, кој да си даде доктор Илир, доктор Милена, доктор Лилјана од Струмица. Кажете ја слободно оставката ако ја барате. Не е проблем оставката, горчина е секаде во душите. Ниту од здравстениот кадар ниту министерот за здравство нема потреба да поднесе оставка, тие се нашите херои. Дали треба да понесам одговорност јас или градоначалниците каде што бев на настани или државните иснтитуции? Не мислам дека треба да понесам одговорност, нема да понесам одговорност и нема да побарам одговорност. Ако има една причина каде сме згрешиле или нешто лошо сме направиле, освен не знам чувствата дека некој треба да прави харикири“, рече Заев.

Заев кажа дека сите здравствени работници ќе добијат медали за нивната пожртвуваност и борбата со вирусот.

Премиерот рече дека ќе се вакцинира во овој момент кога ќе треба да испрати порака до оние граѓани кои не веруваат во процесот и сигурноста на вакцините. Тој вели дека сега е редот на возрасните лица и хронично болните, а тој не сака да го нарушува тој ред.

„Ќе дојде и мојот ред, не се сметам за еден од највозрасните туку еден од експонираните и најверојатно ќе дојде мојот ред тогаш кога ќе треба да се убедат тие што се мислат дали треба да се вакцинираат, а не треба да се мислат. Не сакаме да нарушиме било каков ред оти некој е високо позициониран во општеството, да го почитуваме редот. Мојот ред ќе дојде ќе дојде токму тогаш кога ќе треба да биде дополнителна мотивација за сите оние кои се мислат“, рече Заев.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...

Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик. (Видео)

Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци...