10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаСточарот од Кратовско кој со часови беше носен на раце завиткан во...

Сточарот од Кратовско кој со часови беше носен на раце завиткан во ќебе, веќе шести ден е во кома

Сточарот од кратовското село Емирица, чии спасување и пренесување беше раскажано од докторот Павле Зафиров, како сведоштво за немањето одговор од ниту една институција, веќе шести ден е во кома, сместен во Клиничката болница во Штип.

-63-годишнинот човек има крварење во мозокот и е во коматозна состојба. Стабилен е но во критична состојба, соопшти Марина Шуманска, портпарол на Клиничката болница.

Откако според сведочењето на д-р Зафиров од Итната медицинска помош од Кратово, пет часа бил носен на раце од селото до возилото, пацинетот е однесен до Здравствениот дом во Пробиштип, а од таму веднаш бил пренесен во штипската болница. Од тогаш, човекот е во коматозна состојба. Пред да дојде медицинската екипа, поминал 12 часа паднат на снег, на отворено, додека неговата 90-годишна мајка се обидувала да го загрее.

Како што веќе информираме, за случајот јавноста дозна вчера, откако д-р Павле Зафиров, кој веќе три години е доктор во Брза помош во Здравствениот дом во Кратово, на својот Фејсбук профил изнервиран од неажурноста на институциите, детално го опиша спасувањето. До кратовското село Емирица, води црн стрмен пат, а кога се обратиле за помош до институциите, никој не им помогнал иако тоа е нивна должност.

ММС го контактираше д-р Зафиров, кој по објавата на Фејсбук, уште повеќе се изнервирал, бидејќи неговиот пост не го сфатиле како апел до институциите, туку како настан за дневно политички препукувања.

-Емирица е кратовско село, кое многу далеку и до него од Кратово се оди по каллив и стрмен пат, затоа кога го добивме повикот за помош одевме преку Пробиштип и Злетово, па до браната, бидејки до тука има асвалт. Потоа продолживме по земјен и со кал и снег пат. Не ни кажав во постот колку пати заглавивме по патот и кои се маки ги тргавме додека да стасаме до пациентот. Селото е распрскано и мислам дека првите соседи му се преку еден рид, вели д-р Зафиров, кој на прашањето како е сега пациентот ни рече:

-Како лекар не можам да го споделам проблемот на човекот, ниту можам да кажам каква му е здравствената состојба во моментов. Јас и немав намера да напишам ништо, ова се случи пред неколку дена, но денес многу се изнервирав, едноставно ми дојде и излезе од мене. Ме изнервира што на една телевизија за случајов велат дека маж залутал, што воопшто не е точно. Извинете ама информацијата треба да се пресене правилно. И не ми е мене проблемот од сега, причината да го извадам овој револт од мене сега е што ми се собира овие 30 години. Навистина мене нервозата не ми е од сега, јас чувствувам револт за тоа што институциите 30 години не си ја работат работата, ама редно е веќе и фер е институциите да си го работат она што се наменети, ни рече д-р Ззафиров.

ммс

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...