6.4 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаAктерката Милица Стојанова, успешно вакцинирана: Поминав една војна, онаа Втората светска... Го...

Aктерката Милица Стојанова, успешно вакцинирана: Поминав една војна, онаа Втората светска… Го искусив татнежот и плачот на земјотресот… Видов разни страдања, искушенија, поединечни и заеднички…

Македонската актерка Милица Стојанова (89) се вакцинираше против ковид и им порача на граѓаните да бидат одговорни со цел да се стави крај на епидемијата.

Поминав една војна, онаа Втората светска… Го искусив татнежот и плачот на земјотресот… Видов разни страдања, искушенија, поединечни и заеднички… Но, ова не сакам на зајдисонцето од својот живот пасивно да го гледам… Не сакам да гледам уште една војна со невидливото. Не сакам да гледам тажни, изолирани луѓе кои мораат да заминат од овој свет сами, без своите околу нив… Светот мора да го одблокираме. Мораме повторно да бидеме заедно и спремни да создаваме нови убави нешта. Јас сакам се’ уште да се радувам во заедница, а не да самувам.
Затоа да бидеме одговорни и да се вакцинираме, оти не гледам друго чаре и за себе и за оние околу мене…
И да не бидеме себични. Конечно да покажеме разум и солидарност какви што покажуваат овие прекрасни здравствени работници кои денес беа со мене, а секојдневно се обидуваат да спасат стотици и илјадници животи. Да покажеме доблест барем кон нив.
Да покажеме доблест кон животот и кон секој еден во заедницата, затоа што грижејќи се за себе се грижиме за другиот.Може да биде слика на 1 лице и стоење

Може да биде слика на еден или повеќемина и надвор

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...