8.8 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаOд најавената масовна имунизација во Охрид вакцинирани се 180 граѓани.

Oд најавената масовна имунизација во Охрид вакцинирани се 180 граѓани.

Доколку продолжиме со ова бавно темпо на имунизација, Македонија не ќе може само за година до две да не вакцинира !!!

Од почетокот на имунизацијата против COVID-19, во Охрид се вакцинирани 180 граѓани над 77 години и хронично болни.

Се користи вакцината на „АстраЗенека“ вакцинирањето се одвива по тремини дадени на 10 минути и засега сé е во ред, вели за Супер радио и InPress д-р Соња Мариноска раководител на Службата за здравствена заштита на деца и младинци.

– Од 31-ви март кога почна вакцинацијата до денес се вакцинирани 180 пациенти. Од предвивените термини има и одложени, ги одлага доктор, тој одлучува за потребата и кои пациенти ќе бидат одложени за 2-3 дена, една недела или за подолго време. Пациените после прегледот остануваат на набљудување 15-на минути. Горе долу бројката за вакцинирање во еден ден е задржана, вели д-р Мариноска.

Подвлече дека засега од страна на пациентите не се пријавени несакани ефекти како последица на вакцинирањето.

ЈЗУ Здравствен дом Охрид доби 800 вакцини од производителот „Астра Зенека“. Закажувањето оди преку преку матичен доктор во системот Мој термин, а добиени се 70 термини во денот, од понеделник до петок од 08:00 до 20:00 часот.
Вакциналниот пункт се наога во просториите на Службата за превентивна здравствена заштита на деца и младинци.

извор: ИнПрес

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...

Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик. (Видео)

Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци...