4.9 C
Ohrid
недела, декември 10, 2023
ПочетнаМакедонијаДали знаете како настанала популарната народна изрека “Мижи Асан да ти јадам...

Дали знаете како настанала популарната народна изрека “Мижи Асан да ти јадам слатките”?

Во раните 1958/60-ти години во Битола постоеле пет до шест слаткарници. Едната од нив беше слаткарница АТ-ПАЗАР лоцирана на ул.Александар Турунџев во Битола која денес е со 60 годишна традиција и еден од најстарите дуќани во градот Битола.

 

На фотографиите се Асан, Веап и Самедин Јашаровски торбеши со потекло од Гора (тромеѓе Македонија, Косово, Албанија). Едни од најчесните фамилии кои долги години живеат и придонесуваат во градот Битола.

Во тие години младината излегуваа и се дружеја по слаткарници. Кладбите кој повеќе ќе изеди слатки беа мошне популарни. Една од нив беше и најтешката кладба да се изедат една по една 20 тулумби и да се испие шербет од пола литро. Ова скоро и на никој не му успеваше.

Во тие години излезе и муабето за Асан, кој е познат меѓу битолчани и ден денес се споменува “Мижи Асан да ти јадам слатките”.
Кога младите ќе ги потрошиле сите пари низ смеа ќе му речеле на Асан да замижи, за тие да можат слободно да му ги јадат слатките…
Денес тоа се користи за нешто или за некој настан кој е за неверување.
Да ги поздравиме уште еднаш.

за повеќе детали и фотографни кликнете на БабамБитола

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Перо Антиќ активно учествува во предизборната кампања на Вучиќ

Перо Антиќ веќе некое време објавува фотографии и видеа на неговите профили од политичкиот ангажман Во Србија идната недела ќе се одржат избори, а во...

Истиот лек во Германија е 310, а во Македонија 970 денари!

Ова е лекот Ко Росвера од 20 мг и 10 мг. Го препишуваат главно кардиолозите, а служи за одржување на ниско ниво на холестеротот...

Бил Гејтс: Интернетот помогна „лудите“ луѓе да се најдат едни со други

Мултимилијардерот Бил Гејтс изјави дека првично мислел дека Интернетот ќе го направи светот позаснован на факти, дека ќе стане рационален, но дека подоцна сфатил...

Османи: Следната мисија на ДУИ е претседател на државата

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи денеска во изјава за медиумите рече дека следната мисија на ДУИ е претседател, бидејќи тоа е единствената функција која...