Граѓаните на Шуто Оризари конечно ќе добијат матичен лекар и овој проблем трајно ќе се реши, информира Министерството за здравство.
„После шест неуспешни обиди за закуп на ординација за матичен лекар во Поликлиниката во Шуто Оризари денеска добивме апликација на седмиот оглас од приватна Поликлиника која аплицираше и планира закуп на ординацијата во рамките на своја Поликлиника“,
информира Министерството за здравство.
Со ваквиот ситем на вршење здравствена дејност во рамките на Поликлиниката, од Министерството велат дека се гарантира трајноста на ова решение.
„Заврши и набавката на опремата за гинеколошката ординација за оваа општина со што Министерството за здравство го реши и овој децениски проблем во општината“,
велат од Министерството.