10.8 C
Ohrid
четврток, мај 6, 2021
Почетна Македонија 63-годишниот маж кој премрзнат 5 часа го носеа на раце по планини...

63-годишниот маж кој премрзнат 5 часа го носеа на раце по планини утрово почина

Translate (Eng):[gtranslate]

Шеесет и тригодишниот маж од кратовското село Емирица кого што пет часа го носеа на раце во импровизирана носилка, починал утрово во Штипската болница. Пред да дојде медицинската екипа на местото кога тој паднал, сточарот поминал 12 часа паднат на снег, на отворено, додека неговата 90-годишна мајка се обидувала да го загрее.

За случајот јавноста дозна откако д-р Павле Зафиров, кој веќе три години е доктор во Брза помош во Здравствениот дом во Кратово, на својот Фејсбук профил револтиран од неажурноста на институциите, детално го опиша спасувањето.

До кратовското село Емирица, води црн стрмен пат, а кога се обратиле за помош до институциите, никој не им помогнал иако тоа е нивна должност.

РЕКЛАМА

Медицинската екипа и членови на семејството на човекот 5 часа го носеле на импровизирани носила низ снег за да го префрлат до возилата и до болница.

- Реклами -