5.9 C
Ohrid
сабота, април 10, 2021
Почетна Македонија Илир Хасани: Јас лично му понудив вакцини на Венко Филипче, но бев...

Илир Хасани: Јас лично му понудив вакцини на Венко Филипче, но бев одбиен !!!

Translate (Eng):[gtranslate]

Заменик министерот за здравство Илир Хасани му понудил на министерот за здравство Венко Филипче да обезбеди вакцини од кредибилна компанија, но министерот не прифатил со образложение дека се ангажирани компании со кои земјава постојано соработувала. Ова го кажа Хасани синоќа во емисијата Click Plus.

Илир Хасани: Тропаа на нашите врати лица кои се овластени.

Модератор: Кои се тие луѓе или компании?

РЕКЛАМА

Илир Хасани: Не е во ред да зборуваме за тоа.

Модератор: Се кредибилни или не?

Илир Хасани: Јас зборувам за кредибилни, не зборувам за некредибилни работи. Јас зборувам за луѓе кои кои се сериозни и кои се претставници на компаниите.

Модератор: И Филипче не сака да дојдат тие вакцини?

Илир Хасани: Реално тој ја презеде одговорноста и ангажираше само компании кои до сега донеле вакцини во нашата земја.

Во меѓувреме Беким Татеши од Алијанса за Албанците рече дека лекарите немаат посебен протокол за лекување на пациенти со Ковид-19.

„Ние во Македонија немаме протокол за лекување пациенти со Ковид 19. Еден лекар во еден град лекува на еден начин, друг лекар во друг град, на друг начин. Не зборувам за грешки, но нема стандард на лекување, нема протокол“, посочи Беким Татеши.

Татеши упати критики до здравствените власти за анти –ковид мерките. Вели дека сите усвоени мерки се задоцнети. Ова според него, се случува уште од почетокот на пандемијата. Заменик министерот Хасани му одговори на поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху кога вели дека ќе бараат од Министерството за здравство да се дозволи вечерната молитва последните денови од Рамазан. Хасани рече дека ќе дозволат вршење на овој муслимански ритуал, но доколку дозволат бројките на позитивни случаи и жртви од Ковид 19.

тв21

- Реклами -