10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаВИДЕО: Претседателот на ФФМ барал да се тргне селекторот Ангеловски од навивачката...

ВИДЕО: Претседателот на ФФМ барал да се тргне селекторот Ангеловски од навивачката химна

Фудбалската федерација на Македонија денеска ја презентира дел од навивачката химна во пресрет на настапот на фудбалерите на Европското првенство. Но, како што пишува „360 степени“, еден стих од песната не му се допаднал на претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини, и поради тоа обарал да бидат променет. Станува збор за стихот во кој се спомнува селекторот на репрезентацијата, Игор Ангеловски. Спорниот стих кој Сејдини барал да се тргне гласи „Мрме на чело на црвена армија, те слави Македонија“.

– Како можат да се дрзнат да го тргнат селекторот или некои играчи од химната, тоа е некоректно и жално. Мислам дека стигнала оваа порака до Федерацијата и мислам дека треба добро да размислат пред тоа да го направат. Но, тоа е за секоја осуда. Ја покажаа нивната некомпетентност, нечовечност. Нема да биде коректно да го тргнат селекторот. Ајде, да ги ставиме тогаш луѓето од Управен одбор во химната, дека тие се најзаслужни што се пласиравме на ЕП. Треба да разберат дека ова е репрезентација на сите, а не нивна – зборува капитенот на репрезентацијата Горан Пандев за „360 степени“.

Денеска ФФМ преку официјалната фејсбук страница на фудбалската репрезентација на Македонија презентира дел од гхимната и тоа со стиховите каде се споменува селекторот Ангеловски.

Целиот текст може да го прочитате на овој ЛИНК.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...