13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаСветСе вакцинираше Русинка родена во времето на царот Николај II

Се вакцинираше Русинка родена во времето на царот Николај II

Вакцината „Спутник V“ прво ја прими московјанин кој има 104 години, а сега и баба од Волгоградската област која има 106 години!
Во Волгоградската област се вакцинираше против коронавирус 106-годишната Русинка Елизавета Бојко. Ова го соопшти локалната администрација на својот инстаграм-профил.

Елизавета Бојко, која е родена на 5 септември 1914 година во Руската империја за време на царот Николај II, живее во Волгоградскиот дом-интернат за стари и инвалиди. Теренската екипа на здравствените работници ја вакцинираше со рускиот препарат „Спутник V“ и таа се чувствува добро, се наведува во соопштението.

За време на Втората светска војна Елизавета Бојко го изгуби сопругот и во своето село Праваја Балка во Волгоградската област останала со малиот син. Целиот живот работела во земјоделството. Според нејзините зборови, долгиот живот го должи на активниот живот и љубовта спрема работата.

Кон средината на март вакцина прими московјанин кој има 104 години. Тој е најстариот вакциниран граѓанин во руската престолнина.
RUSSIA BEYOND

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...