8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Мерките почнаа да даваат добри резултати, денес очекувам уште помал број...

Филипче: Мерките почнаа да даваат добри резултати, денес очекувам уште помал број на новозаразени.

Скопје, 8 април 2021 (МИА) – Италијанско сценарио како фраза се користеше тогаш и сѐ уште се користи за тоа што се случуваше на почетокот на минатата година во Италија кога не можеше да се обезбеди болничко лекување за пациентите бидејќи болниците беа преоптоварени. Мислам дека и претходно, но и сега вакво сценарио не се случи во нашата држава. Обезбедуваме место за болничко лекување, место што значи централен довод на кислород и соодветна форма на терапија, одговори министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција, на новинарското прашање дали во моментов во државата се случува италијанско сценарио.

-Со брза распределба, ротација и координација што ја имаме со директорите на болниците, обезбедуваме болничко лекување за секој пациент. Во текот на вчерашниот ден имаше намалување на бројките, а денеска се очекува и бројот на позитивни лица да биде помал, изјави Филипче.

Тој изјави дека во однос на вакцинацијата имаат во план да пристапат и кон лицата од посебни категории, односно лицата кои се без здравствено осигурување, бездомни лица или лица без државјанство. Филипче додаде дека во изминатиот период обезбедено е болничко лекување и за лицата кои немаат здравствено осигурување, без плаќање партиципација.

Министерот за здравство посочи дека потребно е да се вакцинираат што поголем број граѓани и дефинитивно сите ќе бидат опфатени во процесот на вакцинација без разлика на статусот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...