9.3 C
Ohrid
понеделник, декември 6, 2021
Почетна Македонија Заев потресен после смртта на принцот Филип, изрази сочуство во име на...

Заев потресен после смртта на принцот Филип, изрази сочуство во име на сите граѓани и владата на Република Македонија.

Translate (Eng):[gtranslate]

Премиерот Зоран Заев на Фејсбук изрази сочувство по повод смртта на принцот Филип, војвода од Единбург, кој почина денеска.

– Во име на сите граѓани и во име на Владата на Република Македонија, изразувам длабоко сочувство до Нејзиното Височество Кралицата Елизабета II, нејзиното семејство и граѓаните на Обединетото Кралство за смртта на Неговото Височество, Принцот Филип, Војвода од Единбург, напиша Заев на својот фејсбук-профил.

Сопругот на британската кралица Елизабета Втора почина денеска на 99-годишна возраст и тоа го објави кралското семејство на нивниот официјален профил на Твитер.

РЕКЛАМА

Војводата од Единбург минатиот месец беше подложен на операција на срцето. Тој требаше да наполни 100 години во јуни.