11.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаСопругот ја напуштил и заминал со друга, сега Силвана од Куманово се...

Сопругот ја напуштил и заминал со друга, сега Силвана од Куманово се моли за малку млеко за нејзиното малечко…

Судбината на 41 годишната Силвана Јовановска од кумановски Бабин дол е тажна. Уште како мала родителите ја оставиле, а пораснала со нејзините баба и дедо. Од пред два месеци таа е самохрана мајка, бидејќи сопругот ја напуштил и заминал со друга. Сега таа сама се грижи за двегодишната ќерка Леонтина. Невработена е, и преживуваат од собирање шишиња, објави zenskimagazin.mk.

Приказната за ова сиромашно семејство јавноста ја слушна во февруари во емисијата „Срце на дланка“, но истата недоволно допре до ушите на многумина, па Силвана се обрати за помош и до редакцијата на Женски магазин.

-Живееме во подрумска соба, во куќата на мојот свекор. Тој прво нѐ бркаше од тука, сакаше да ја издава собата на ќираџии, но не успеа и сега не нѐ брка. Сопругот ме остави, сега сама се грижам за мојата ќерка Леонтина. Немаме прозорци, залепивме најлони да не ни дува, а и вратата е во многу лоша состојба. Навечер ставаме ќебиња за да не ни биде ладно, раскажува низ солзи Силвана.

Оваа очајна мајка сега е и без приходи. Откако ја оставил сопругот Томислав од кој е постара 10 години, а со кој се омажила во 2013 година, преживува благодарение на собирањето шишиња и од помошта на хуманите граѓани.

Таа вели дека немаат ни струја поради неплатени сметки кои со години не ги плаќал нејзиниот свекор, па се снаоѓале со електрична енергија преку комшиите. Она што е најтрагично имаат шпорет ама немаат дрва за да се топлат на него.

Силвана вели дека би прифатила било каква работа доколку некој би ѝ понудил, но не се обратила до надлежните во Куманово за помош бидејќи нема кој да и го чува детето.  Таа имала тежок живот, а нејзините сестри и брат се срамат од неа.

Силвана мајка која животот воопшто не ја милувал, а која често пати нема пари ни да му купи млеко на детето.

Сите кои сакаат да му помогнат на ова семејство, може да го направат на овој број и трансакциска сметка.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Владата заклучи: 24 април (среда) и 8 мај да бидат неработни денови за сите граѓани

На 16. седница, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на...

Да бидеме хумани! Апел за помош на Сашо Лазаровски кој по вторпат се бори со рак

Сашо Лазаровски има потреба од нашата помош. Битолчанецот, кој еднаш го победи ракот на белите дробови, сега повторно води тешка борба со оваа опака...

Таравари: Ќе гo забраниме коцкањето и брзите кредити, идната Влада ќе ги покрива долговите на граѓаните од брзи кредити“, рече Таравари

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари денеска оствари важна посета на градот Струга, каде се разговараше за различни прашања во заедницата, почнувајќи од здравствените работници до...

Давкова: Денес во Валандово се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов.

Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов. Имавме можност да поразговаравме за многу...