11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека вакцинацијата се...

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека вакцинацијата се одвива без никаков проблем

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека вакцинацијата на територија на цела држава се одвива без никаков проблем, наведува Министерството за здравство, реагирајќи на протестот на опозициската партија поради менаџирањето на власта со состојбата со коронавирусот.

„Вакцинацијата во време на светска пандемија е сериозен здравствен процес, колку тоа на ВМРО-ДПМНЕ да им наликува на „преправање“ (симулација). Тажно е што опозициската партија безидејно обидувајќи се да профитира политички се потсмева со вакцинирањето на лицата со најголем ризик од заболување, односно возрасните граѓани постари од 76 години. ВМРО-ДПМНЕ се потсмева со вакцинирањето на здравствените работници, полицијата, армијата, наставничките, негувателките, воспитувачките во граднинките, возачите во ЈСП, се потсмева со вакцинирањето на луѓето кои се дел од критичната инфраструктура во државата, со чија вакцинација, се овозможува непречено функционирање на општеството. ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот за беспрекорната организација на масовната имунизација во А1 СЦ „Борис Трајковски“. На ВМРО ДПМНЕ му сметаат, насмеани лица на граѓани по вакцинација, на опозицијата и сметаат позитивните коментари од граѓаните кои ја примиле вакцината“, наведува Министерството за здравство.

Во реакциијата се додава и дека ВМРО ДПМНЕ во време на пандемија прави само штета.

„Во време на рестриктивни мерки, полициски час, одлучија да се групираат и да протестираат. Жалиме што опозицијата од почетокот на пандемијата не придонесе со ништо за заштита на здравјето на граѓаните“, велат од министерството.

Текстот Министерство за здравство: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека вакцинацијата се одвива без никаков проблем е превземен од МАКФАКС.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...