9.1 C
Ohrid
недела, мај 9, 2021
Почетна Македонија Отец Ѓорги до Венко Филипче: Како смееш да побараш за Велигден да...

Отец Ѓорги до Венко Филипче: Како смееш да побараш за Велигден да останеме дома, со ова барање повредени се нашите верски чувства.

Translate (Eng):[gtranslate]

РЕАКЦИЈА И АПЕЛ (Од група на верници)

Во врска со изјавата на Министерот Филипче: Верските лидери да апелираат до верниците да седат дома за празниците, објавена на ден 09.04.2021г, како православен христијанин чувствувам одговорност да го изнесам следново :
Во пресрет на најголемиот и најрадосниот празник – ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ – средиштето, смислaта и суштината на нашата вера, како православни христијани се чувствуваме загрозено, незаштитено и дискриминирано. Повредени се нашите уставнозагарантирани права а истовремено повредени се и нашите верски чувства. Правото на вероисповед е неприкосновено право загарантитано со Уставот на РМ ( чл.9 и чл.19), Законот за правна положба на црква, верска заедница и религиозна група ( чл.4) како и со Универзалната Декларација за човекови права и Европската Конвенција за човекови права. Нагласуваме дека согласно чл.54 од Уставот на РМ : и во вонредни околности тоа право не може да биде ускратено.Ограничувањето на слободите и правата неможе да се однесува на слободата и правото на вероисповед.
Во контекст на сето горенаведено бараме на сите граѓани од православна вероисповед да ни биде овозможена непречена посета и учество на сите црковни богослужби и секако најпосакуваната – ВОСКРЕСНА СВЕТА ЛИТУРГИЈА.
Во смирен православен дух бараме да не бидеме лишени од нашата насуштна потреба и најголема радост и достојно да го прославиме Христовото Воскресение.
Овој апел го упатуваме до сите релевантни институции на државата и секако закрила и застапништво бараме во нашата МПЦ – ОА.
Да не заборавиме светата православна вера и Црква низ вековите биле стожер и бедем на македонскиот народ кој со Божја помош ги надминувал сите искушенија, така нека биде и овојпат.
Зашто Господ е Сила , Здравје и Живот!
За многу години!
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
Со почит
Верни чеда на МПЦ -ОА

РЕКЛАМА
- Реклами -