6.8 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаМарковска: Економските мерки дадоа резултат, платите се покачија, трговијата во раст а...

Марковска: Економските мерки дадоа резултат, платите се покачија, трговијата во раст а бележиме и раст на буџетот

Економските мерки што Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев за надминување на последиците од кроонакризата даваат резултати.

Тоа е потврдено и со бројни официјални статистички податоци.

Во однос на преткризниот период, бележиме раст на буџетските приходи. Растот на вкупните приходи е 4,4 отсто, додека, 5 отсто е растот на даноците и придонесите.

Во јануари, извозот има номинален раст од 15,4 отсто на годишна основа, увозот на стоки раст од 5,3 отсто со што трговскиот дефицит во јануари се намали за 29 проценти.

Во  јануари бележиме и раст на просечната плата од 2,7 отсто, раст од 0.8 отсто на прометот во внатрешната трговија. Се забележува постепено намалува на стапката на невработеност, додека вработеноста е соодветно зголемена.

Во поглед на реализација на економските пакети мерки, севкупната имплементација од четирите пакет мерки изнесува 82% или 860 милиони евра, пари кои завршија директно кај граѓаните и во стопанството.

Согласно економските показатели и очекувањата, предвидено е оваа 2021 година македонската економија да се врати на стабилни стапки на раст, платите да продолжат да растат а невработеноста да се намалува.

Владата предводена од СДСМ продолжува се креирање и реализација на мерки и политики што значат помош и поддршка за домашната економија, спас на секое работно место.

Даниела Марковска, пратеничка на СДСМ

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...