11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Пристигнуваат 2.000 кинески вакцини, ќе се стави граница на сумата за...

Филипче: Пристигнуваат 2.000 кинески вакцини, ќе се стави граница на сумата за лекување во приватните болници

Денеска ќе пристигнат 2.000 кинески вакцини на аеродромот во Софија, а нашето возило веќе е на пат кон Бугарија за да ги донесе вакцините, рече министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во спортската сала „Борис Трајковски“ каде што во моментов се вакцинираат медиумските работници и новинарите.

Досега 25.000 граѓани се вакцинирани против ковид-19, а како што рече министерот Филипче , трендот на новозаразени во последните неколку дена опаѓа, а исто така се ослободуваат кревети во болниците.

Тој посочи дека до Владата е поднесен предлог за измена на Законот за здравствена заштита, со кој се предвидува ограничување на висината на наплата на финансиски средства за пациенти кои се лекуваат од коронавирус.

– Денеска на главниот координатор на кризен штаб се дискутираа повеќе работи. Се донесе одлука да се направи измена во Законот за здравствена заштита со кој на приватните болници ќе се направи ограничување на висината на наплата додека трае кризата, поточно за лекување на коронавирус. Го слушнавме апелот на граѓаните, и веќе утре на Владата ќе го поднесеме предлог-законот за здравствена заштита – рече Филипче.

– Денеска се вакцинираа новинарите на возраст над 40 години и лица со хронични болести. Се надеваме дека во следната фаза ќе бидат опфатени сите медиумски работници кои работат на терен и кои имаат контакт со многу луѓе. Ова ќе биде заштита не само за личното здравје, туку и заштита за целото население кое е во контакт со новинарите. Во медиумите постојано гравитираат многу луѓе, така што, апелираме за што помасовна вакцинација. Секој од нас треба да испука еден куршум во војната против пандемијата – рече Чадиковски.

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...