21.4 C
Ohrid
вторник, септември 21, 2021
Почетна Македонија Владата предлага кризна состојба до крајот на оваа година..

Владата предлага кризна состојба до крајот на оваа година..

Translate (Eng):[gtranslate]

На 1 април Владата на донесе Одлуката за постоење на кризна состојба на дел од територијата на државата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија, најмногу до 30 дена.

На предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, на денешната седница Владата ја утврди Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на целата држава, и на Собранието му предлага да одобри продолжување на рокот за постоење на кризна состојба до 31 декември 2021 година.

РЕКЛАМА
- Реклами -