13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаЧавков пренесен во приватна болница-Се шири корона вирусот во штипскиот затвор

Чавков пренесен во приватна болница-Се шири корона вирусот во штипскиот затвор

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков по влошувањето на здравствена состојба, а на барање на семејството попладнево е спроведен во приватна болница во Скопје. Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров вели дека Чавков вчера е хоспитализиран во штипскиот Ковид центар. Затворскиот лекар при редовниот преглед констатирал дека состојбата на Чавков се влошила и имал ниска сатурација. Ноќта ја поминал во штипската модуларна болница, каде бил ставен и на постојана кислородна поддршка. Утринава по добиените информации, прегледи на Чавков од страна на инфектолозите било препорачано да се хоспитализари во некоја од приватните болници. Семејството побарало, по што веќе попладнево со затворско комбе е хоспитализиран на болнички третман во приватна болница во Скопје.

Инаку кластерот во штипскиот затвор деновиве се зголеми за уште двајца заразени осуденици, со што бројката се искачи на седум. Меѓу заразените се и Митко Пешов поранешен началник на полициските специјални сили и Никола Митревски Кољо, кој беше осомничена како еден од главните организатори на насилствата и упадот во Собранието на 27 ми април. Пишува Телма Тв

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...