10.8 C
Ohrid
четврток, мај 6, 2021
Почетна Македонија Bo кичевско пронајдена минофрлачка граната од 60 милиметри, нејзиното потекло не е...

Bo кичевско пронајдена минофрлачка граната од 60 милиметри, нејзиното потекло не е познато..

Translate (Eng):[gtranslate]

Минофрлачка граната од 60 милиметри од непознато потекло е пронајдена денеска попладне над населбата Иванидол кај Кичево, потврдија од ПО на ДЗС Кичево, од каде пиротехничар излегол на самото место за да ја подигне гранатата.

– По пријавата од ОВР Кичево, дека над населба Иванидол, е пронајдена минофрлачка граната со калибар од 60 милиметри од непознато потекло, на самото место излезе пиротехничар од ПО на ДЗС Кичево со што убојното средство е преземено и ќе се чува на безбедна локација се до неговото целосно уништување, рече Драгољуб Попоски од ПО на ДЗС Кичево.

Тој појасни дека потеклото на гранатата е непознато, бидејќи убојното средство е кородирано со експлозивно полнење кое е во функција, и доколку со истото се ракува неправилно, може да предизвика несакани последици по животот и здравјето на луѓето или материјална штета на околината.

РЕКЛАМА

Сител Тв

- Реклами -