16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаИ покрај забраната три угостителски објекти во Струга, Гостивар и Битола работале...

И покрај забраната три угостителски објекти во Струга, Гостивар и Битола работале со гости..

три угостелски објекти од Струга, Гостивар и Битола се затворени оваа недела, откако во нив биле затекнати гости и покрај забраната.

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, соопшти дека една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки, седумте инспекциски служби спровеле вкупно 6.038 надзори и контроли.

„На лице место се затворени три угостителски објекти поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти. Изречени им се прекршочни платни налози“, соопшти претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

 

Од 1-ви март досега, вклучително со последниве податоци, од страна на ДПИ, затворени се вкупно 36 угостителски објекти, поради прекршување на здравствените протоколи и закони, односно поради организирање на свадби, прослави, настани, непочитување на број на присутни и групирања.

Овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 11.962 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на Ковид-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од Ковид-19, што е за 2.000 помалку споредено со претходната недела.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малиот гениј Македон ја издаде првата научна книга, на англиски јазик

Малиот гениј Македон Димитровски од Тетово, преку видео се пофали за објавата на наеговата прва научна книга насловена „Од атоми до универзумот“. Книгата е на...

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...