6.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаМвр трага по него: Прво го пратил детето да краде низ Кочани,...

Мвр трага по него: Прво го пратил детето да краде низ Кочани, а сега се заканува со пиштол и нож дека парче по парче ќе ги сечел тие што му го нападнале детето……

Откако пред два дена група на граѓани извршија физичко насилство врз дете во Кочани во населбата „Трајаново Трло“, вчера таткото на детето со пиштол и нож во рацете преку видео на социјалните мрежи упати сериозни закани, објави Цивил медиа.

– Парче по парче ќе ги исечам, ќе ги дробам, макар цел живот да завршам во затвор, вели таткото на тепаното момче, во краткото видео што се споделува на социјалните мрежи.

Од МВР за ЦИВИЛ Медиа велат дека го идентификуваа лицето кое се заканува со пиштол и нож, односно дека се работи за таткото на тепаното дете во Кочани и дека трагаат по него.

– Лицето од видеото е А.И. (36) од Кочани, татко на детето врз кое на 11.4.2021 во место викано „Трајаново трло“ беше извршено насилство од страна на повеќе лица. Од преземените оперативни мерки дојдено е до сознание дека А.И. не е на територијата на Република Северна Македонија и се преземаат мерки и активности за негово обезбедување. За настанот е запознаен Јавен обвинител и се работи на писмено документирање, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...